Џенифер Лопез облекла фустан што симнува и до 5 килограми: Модел што одлично ѝ прилега на сечија става!

Одлично стои на секоја женска градба

Џенифер Лопез се појавила на премиерата на филмот The Flash во фустан од модната куќа „Гучи“, која има само една цел – совршено да ги скрие недостатоците на телото

Актерката и пејачка Џенифер Лопез се појавила на премиерата на филмот The Flash со сопругот Бен Афлек и во таа пригода, двојката си разменувала нежности. Меѓутоа, нивната блискост, што многупати е доведувана до прашање, сега паднала во втор план поради феноменалниот фустан што го носела Џенифер.

 

Таа облекла креација од модната куќа „Гучи“ од колекцијата за 2024 година. Фустанот од соништата се состои од црн горен дел што се припива до телото и се закопчува со помош на патент, додека долниот дел на фустанот во боја на праска е лелеав и слободно се шири.

Црниот дел на фустанот достигнува до бутовите, визуелно издолжувајќи го торзото и правејќи ја пејачката повисока и послаба.

 

Џенифер ја носела косата затегната во високо опавче, додека со фустанот понела црна клач-чантичка.

Како ви се допаѓа фустанот од модната куќа „Гучи“?

Џеј Ло во најмодерните фармерки сезонава: Ниеден друг модел не им стои вака добро на жените! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.