Цеца Ражнатовиќ денеска слави 50. роденден: Интимна прослава во вилата на Дедиње, фановите и приредија изненадување! (ВИДЕО)

Пристигнаа и Анастасија и Немања

Пејачката Цеца Ражнатовиќ денеска наполни 50 години, а роденденот го прослави во кругот на семејството и најблиските во својата семејна куќа на Дедиње.

Цеца се откажала од голема прослава, која веќе била испланирана, поради трагедијата која ѝ се случи на нејзината ќерка Анастасија, која во петтиот месец од бременоста го загуби бебето.

Фановите на Цеца ѝ направија низа интересни снимки и така ѝ честитаа и ја изненадија.

Честитки има и од колегите, како што е Дара Бубамара, Надица Адемов, Александра Младеновиќ и други, кои ја означиле пејачката и честитале на социјалните мрежи.

Инаку, во понеделникот на 12 јуни во Белград пристигнаа Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ од Требиње, за да бидат на овој важен ден со Цеца.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе