Ѓувеч со пилешко од рерна: Ручек што воодушевува, а може да најаде 5 возрасни лица

Лудило ручек!

Ѓувечот од рерна се приготвува многу лесно, а може да засити пет возрасни лица

Нашиот денешен предлог за ручек е ѓувечот со пилешко месо од рерна.

Состојки:
  • 1 кг пилешки батаци и карабатаци
  • 3 главици кромид
  • 3 поголеми домати
  • 3 чешниња лук
  • 100 г ориз
  • 15 до 20 пиперки
  • 1 поголем морков
  • масло, сол, сув зачин, бибер
Приготвување:

Добро зачинете го пилешкото месо и оставете го да отстои за да ја впие аромата. Потоа, загрејте масло во тавче па испржете го пилешкото. Додека се пржи пилешкото, исчистете го зеленчукот и исечкајте го ситно, а морковот треба да го изрендате.

Извадете го пилешкото од маслото во посебна чинија, а во маснотиите во кои се пржело месото, динстајте ги кромидот и морковот. Потоа, додајте лук, па домат и пиперки. Откако сè ќе се скрчка, додајте ориз и префрлете сè во огноотпорен сад. Додајте го пилешкото, па ставете го во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 25 минути.

Ручек за денес: Ѓувеч на старински начин!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе