Ручек за денес: Ѓувеч на старински начин!

Одличен рецепт

Наш предлог за денешниот ручек е стариот добар ѓувеч

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица маст
  • 300 г пилешко или свинско месо
  • 2 пиперки
  • 2 домата
  • 1 морков
  • 3 компира
  • 1 шолја ориз
  • зачини
Приготвување:

Во подлабоко тавче или тенџере ставете маст и во неа пржете го кромидот и ренданиот морков. Додајте сечкано месо, домати и пиперка, па динстајте ги. Додајте го компирот исечкан на коцки и измиениот ориз, па сето тоа измешајте го. Додајте зачини, па сипете вода и оставете да се крчка околу 45 минути. При крајот, додајте свеж магдонос.

Добар апетит!

Зеленчукова гозба: Пробајте ѓувеч со кускус за ручек!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.