Дали е возможно вака да изгледа мајка на четири деца? Одамна не сте виделе позгодна жена од неа!

Се стегнала

Тејлор Свифт го прославила својот 34. роденден во Њујорк, а главна конкуренција ѝ била Блејк Лајвли

Блејк Лајвли дошла во Њујорк да го прослави роденденот на Тејлор Свифт, заедно со Џиџи Хадид. Во моментот кога излегла од автомобилот со пејачката, папараците веднаш почнале да ја фотографираат Блејк, која изгледала сензационално.

Долгите нозе вовлечени во тесни црни чизми, припиениот кожен фустан со длабоко деколте и уште подлабок шлиц, ѝ помогнале на актерката да заблеска уште повеќе.

Ако на овој изглед го додадеме и фактот што само пред неколку месеци се породи и дека тоа е нејзиното четврто дете, на сите ќе им стане јасно колку добро изгледа оваа жена и колку добри гени носи.

Блејк е позната како актерка која сама се облекува, дури и открила дека нема ни шминкери ни фризери, туку сето тоа го прави сама.

И тоа го видовме: Актерката прошета во тексас-јакна врз раскошен фустан (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.