Брижит со години не излегуваше од тесните фармерки, но сега „полуде“ по најмодерните панталони оваа сезона (ФОТО)

Дали ви се допаѓа ова издание?

Фото: Getty Images

Многу се интересни, шик и ја издолжуваат женската фигура.

Француската претседателска двојка Емануел и Брижит Макрон пред неколку дена го посети регионот на Источна Франција за време на Денот на европското наследство. Како и секогаш, посебно внимание привлече изданието на Брижит – таа со години важи за една од најдобро облечените жени во Европа, а секогаш кога ќе се појави во јавноста тоа повторно го потврдува.

Брижит Макрон и овој пат изгледаше многу елегантно, но и ноншалантно и не премногу формално, а токму ваквиот стил е нејзиниот заштитен знак.

Првата дама на Франција сака неутрални бои во гардеробата, па не нè изненади што избра црна блуза и панталони, иако аутфитот го „осветли“ со феноменалниот капут во впечатлива светлосина нијанса.

Посебно внимание ни привлекоа панталоните што ги носеше Брижит – избра „строги“ панталони со широки ногавици. Станува збор за парче кое е исклучително популарно веќе неколку сезони и ги симна од тронот иконичните тесни фармерки и генерално кажано моделите со ултратесни ногавици.

Госпоѓа Макрон со години носи екстремно тесни панталони, но се чини дека ниту таа не му одолеа на трендот на ѕвонарки! Изгледот го заокружи со дискретен накит, тренди-очила за сонце и црни кожени чизми.

Дали ви се допаѓа ова издание?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.