Се сомневала во постоењето на Бог и засекогаш го напуштила семејството: Сè што сте знаеле за Мајка Тереза е ЛАГА!

13 работи што не сте ги знаеле за Мајка Тереза

Мајка Тереза била родена во август 1910 година во Македонија, со име Агнес Гонџа Бојаџиу. Била голема покровителка на мирот и хуманоста и целиот свој живот му го посветила на служењето на сиромашните

Мајка Тереза ги хранела гладните и кон сите се однесувала со голема почит. Ви споделуваме некои помалку познати факти за нејзиниот живот.

1. Тереза го напуштила семејството на 18 години и никогаш веќе не се вратила. Им се придружила на Сестрите од Лорета во Даблин за да стане калуѓерка. Никогаш веќе не си го видела семејството.

2. Во 1964 година, за време на посетата на Индија, папата Павле Шести ѝ ја подарил својата церемонијална лимузина кога се понудила да собере пари за колонија лепрозни. Тој бил импресиониран кога ја видел нејзината посветеност и ѝ понудил да ѝ помогне.

3. Дури и некој како неа, со цврста вера во Бог, го искусил сомнежот во неговото постоење.

4. Имала само 8 години кога татко ѝ починал. Се верува дека го отруле неговите политички непријатели.

5. Потоа, се зближила со својата мајка која ѝ ја покажала вредноста на служењето на сиромашните. Ѝ велела: „Дете мое, никогаш не земај ниедно залаче, освен ако не го делиш со другите.“

6. Додека патувала од Калкута во подножјето на Хималаите, имала визија дека Исус ја замолил да го напушти подучувањето и да ѝ се придружи на службата на болните и сиромашните.

7. Во 1982 година тајно отпатувала во Бејрут, Либан и им ја понудила својата служба на децата од источен Бејрут, каде што доминираат христијани, и од западен Бејрут, каде што доминираат муслимани. Таа одново и одново докажувала дека хуманоста не познава религија.

8. Добила Нобелова награда за мир во 1979 година, за тоа што им го посветила својот живот на болните и гладните.

9. Отворено го изразила своето мислење против контрацепција и абортус, што предизвикало остри критики.

10. Тереза предавала географија и катихизис во средното училиште Света Марија во Калкута од 1931 до 1948 година, каде што подоцна станала директорка.

11. Неуморно работејќи за сиромашните, основала низа хуманитарни организации за помош.

12. Мајка Тереза ја запознала принцезата Дијана во Њујорк за време на нејзините последни денови. Случајно, и двете починале во временско растојание од само една недела.

13. Мајка Тереза е изгласана за една од 10-те најистакнати жени 18 пати во животот! Американците 18 пати ја имаат изгласано за една од 10-те најугледни жени во повеќе анкети.

„Многу потешко е да се засити гладот за љубов од гладот за леб“, Мајка Тереза.

Мајка Тереза знаела како да постапи со злите луѓе: Еве што треба да направите ако некој се однесува лошо со вас!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.