Ана Винтур вели дека ова мора веднаш да го отстраните од гардероберот: Секоја жена треба да почитува 6 златни модни правила

Ве инспирираме

Правилата на легендарната уредничка на најпрестижното модно списание „Воуг“ за совршен стил секоја дама би требало да ги прочита, бидејќи многумина би можеле да го подобарат изгледот.

Ана Винтур секогаш е совршено облечена, а нејзиниот начин на облекување им е омилен на повеќето жени. Тајната на добриот изглед на една од највлијателните жени во светот на модата дефинитивно не скапоцените парчиња, туку храбриот стил, со кој ги поместува границите каде и да се појави.

Ова се нејзините правила за облекување за беспрекорен изглед, а секоја од нас може многу лесно да ги примени.

Играјте си со боите, шареното е секогаш добар изглед

Уредничката на „Воуг“ сака храбри, впечатливи принтови кои привлекуваат внимание. Меѓутоа, доколку одберете шарен фустан, треба да биде со едноставен, класичен крој, без дополнителни детали.

Здолништа над колена – никако, тотално промашување!

Секогаш носете здолништа до или под колената, затоа што демонстрираат елеганција, а изгледаат доминантно и предизвикувачки. Здолништата над колената не се воопшто по нејзин вкус.

Чизмите до колена – секоја жена треба да ги има

Кожените чизми до колена со високи потпетици се краен дел од аутфитот во текот на есента по мислењето на Ана Винтур. Можат да бидат еднобојни или со шари, но е важно да имаат пасивна петица. Совршено се вклопуваат со јакните и капутите, а жената во нив изгледа моќно.

Ефектните детали секогаш се комбинираат со црна боја

Винтур одбира црна облека по основа на текстурата на ткаенината, покрај волната, сомотот или антилопот. Истовремено, препорачува да се додаваат деталите во фокус, како што се светлото крзно, дугманот и други додатоци, како би се „разбил“ црниот тон.

Накитот како пасија

За Ана синџирите и шерданите се голема инспирација. Постојано истакнува дека е подобро да се откажеме од еден пар чевли и наместо тоа да земеме добро парче накит. Таа смета дека ефектниот накит на жените им носи самодоверба.

Безвременски боб

Една од највлијателните жени во модата нагласува дека кога жената ќе ја пронајде својата идеална фризура, не гледа причина зошто би ја менувала. Ана стана препознатлива по познатата боб-фризура која ја носи со децении.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.