Дали лесно губите контрола или се’ сфаќате лично, па дури и ситниците? Решете го тестот и проверете колку сте чувствителни

Чувствителноста ја поттикнува креативноста, но може да претставува и кочница за личен напредок и развој.

1. Кога некој ќе ве обвини за нешто:

а) Директно и отворено се соочувате со него, се карате и се обидувате по секоја цена да го решите проблемот.

б) Се трудите да разберете во што е проблемот и го решавате на мирен начин без да се возбудувате околу тоа.

в) Ќе се повлечете во себе со надеж дека сето тоа наскоро ќе престане.

2. Шефот ви вели дека сака да направи некои промени во вашиот оддел:

а) Ќе почнете да се браните и правдате дека работите сè што ќе ви се каже.

б) Бележите сè што ви зборува и проценувате како тоа ќе влијае на вашиот статус во иднина.

в) Со нетрпение чекате да заврши состанокот и да побегнете во тоалет за да се исплачете. Верувате дека сигурно некаде сте погрешиле.

3. Додека гледате филм, партнерот ви вели дека актерката е секси…

а) Веднаш го менувате расположението, притоа мислејќи дека мажите треба да си ги задржат таквите коментари за себе.

б) Од срце ќе се насмеете на неговиот коментар, бидејќи знаете дека нема ништо лошо во мала симпатија кон некоја филмска ѕвезда. Дали тоа навистина го мислите, е сосема нешто друго.

в) Веднаш претпоставувате дека вашиот партнер, а и другите мажи сигурно ги сакаат сите други жени освен вас.

4. Во трговскиот центар ви нудат бесплатно разубавување. Како ќе реагирате:

а) Налутено ќе ги прашате што и фали на вашата шминка и фризура, а и кои се тие да ви кажуваат дека ви е потребна промена.

б) Прифаќате, велејќи дека би сакале да пробате нешто ново и да научите подобро да се шминкате.

в) Мислите дека веројатно изгледате лошо и неуредно штом ви го нудат тоа, а и сигурно сите мислат дека не водите многу грижа за својот изглед.

5. Некој пријател почнува да се расправа со вас и ви вели дека сте го повредиле. Вие:

а) Бурно ќе му се спротивставите и ќе почнете да набројувате сè што некогаш кажал или направил, а вас ве повредило.

б) Ќе се потрудите да останете мирни и внимателно да го ислушате, обидувајќи се да разберете што го вознемирило, а потоа ќе му објасните зошто сте постапиле така.

в) Ќе се расплачете додека се обидувате да се одбраните од обвинувањата, или едноставно ќе ја наведнете главата и молчејќи ќе го ислушате.

6. Кога луѓето не се согласуваат со вашиот став или мислење вие:

а) Повторно им објаснувате што сте сакале да кажете, а потоа ќе заклучите дека веројатно се глупави штом не се согласуваат со вас, а очигледно е дека сте во право.

б) Не се вознемирувате, ниту ви е грижа, бидејќи знаете дека секој има право на свое мислење.

в) Нивното несогласување го сфаќате како навреда, а исто така и мразите кога ве осудуваат.

7. Ако некој добронамерно ве задева и се шегува со вас:

а) Ќе се изнервирате и налутите и веднаш ќе почнете да враќате со иста мерка, дури малку и ќе го навредите.

б) Ќе се насмеете, а можеби и ќе се пошегувате на своја сметка, иако нешто може и ве навредило, но нема да го покажете тоа.

в) Ќе станете уште понесигурни во себе и во својот изглед, ќе се засрамите, а можеби и ќе се расплачете, бидејќи сè сфаќате лично и не можете да поднесете кога некој ве задева или се шегува со вас.

Резултати

Најмногу одговори под а)

Не сте чувствителни или сакате другите да мислат така. Се плашите да не ве повредат, па поради тоа реагирате и непотребно се спротивставувате, кога мислите дека сте загрозени. Иако под цврстиот оклоп, всушност сте чувствителни, луѓето по малку се плашат од вас, бидејќи сте остри и понекогаш сакате да „боцнете“.

Дозволете си и добри и лоши искуства бидејќи ќе ви помогнат да станете појаки. Понекогаш треба да признаете дека грешите и да ја прифатите критиката. Од тоа нешто ќе научите, а ќе почнете да ги разбирате и чувствата на другите.

Најмногу одговори под б)

Доволно сте самоуверени и свесни сте дека сите лоши работи не се насочени против вас. Одлично ги решавате проблемите и добро прифаќате критика. Пријатни сте за друштво, умеете да покажете страст, а при тоа да не делувате преосетливо. Проблем се појавува кога другите не се сложуваат со вашето мислење. За да не ве доживуваат како некој кој го наметнува своето мислење, потребно е да ги земете предвид и туѓите чувства и размислувања.

Најмногу одговори под в)

Свесни сте дека сте пречувствителни, но не знаете колку непотребна болка ви предизвикува таа чувствителност. Проблемот не е во другите, туку во вашите реакции. Треба да престанете сè да сфаќате лично, но тоа нема да се случи преку ноќ.

Следниот пат кога нешто ќе ве налути, повреди или исплаши, добро размислете зошто се чувствувате така и можеби ќе сфатите дека проблемот е во вас. Не мора секогаш да бидете совршени, ниту да внимавате дали ќе изневерите нечии очекувања. Првиот чекор во надминување на чувствителноста, е да се разбере што ја предизвикува.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.