Жената на славниот француски фудбалер е вистинска мистерија: Ја заведувал една година, а таа поради него е во ЦЕЛИБАТ

Прочитајте

Иако била позната пред да се запознаат, сопругата на Антоан Гризман се повлекла од јавноста, а поради него е и во целибат

На Светското првенство во Катар силите ги измерија репрезентациите на Франција и Мароко, а сега се знае и кој е вториот финалист на годинешниот мундијал.

Еден од најзаслужните за победата на Франција и влегувањето во финале на светското првенство, секако, е Антоан Гризман, играч во шпанскиот клуб Атлетико Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoine Griezmann (@antogriezmann)

Еден од најпопуларните играчи на светот покажа голема умешност на теренот, а нема сомнеж дека најмногу му значи поддршката од семејството и пријателите, особено од сопругата Ерика Чопрена со која е во брак од 15 јуни 2017 година.

Нивната приказна е како од филм, а двојката го кажа судбоносното „да“ по 6 години врска, која не почнала толку лесно и брзо колку што посакувал фудбалерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EriKA Choperena (@eri_chope)


Ерика Чопрена е родена во Шпанија, каде што завршила факултет по детска психологија во Сан Себастијан. Пред да го запознае фудбалерот, станала позната како бјути-инфлуенсерка на Инстаграм, во што била многу успешна и соработувала со многу брендови.

Антоан Гризман го запознала во 2010 година, додека тој играл за Реал Сосиедад, а не се сретнале во некој познат ноќен клуб или на настан за успешните и славните, туку на улица.

„Ерика студираше на факултетот во чија близина тренирав, па се имавме сретнато повеќе пати и почнавме да се допишуваме“, објаснил Гризман во својата автобиографија.

„Околу една и пол година ѝ испраќав пораки и се обидував да ја заведам.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EriKA Choperena (@eri_chope)


Младата студентка долго одбивала да излезе со фудбалерот, но на крајот сепак потклекнала пред неговите техники на заведување и љубовта меѓу нив се родила речиси веднаш.

Со оглед на тоа што таа претпочита да се држи подалеку од медиумите и јавното внимание, Гризман нема многу зборувано за нивниот брак во интервјуата, но во една пригода признал дека ја почитува одлуката на репрезентацијата дека сексуалните односи се забранети за време на Европското првенство.

„Никого не смееме да допреме, дури ни ако сме во брак“, рекол тогаш Антоан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EriKA Choperena (@eri_chope)


Инаку, двојката има три деца: ќерки Миа (6) и Алба (1) и син Амар (3), а интересно е што сите деца сосема случајно се родени на 8 април.

Инаку, Ерика толку многу се труди да остане подалеку од јавноста што во 2014 година го избришала својот бјути-сајт, а Лидивин Сања, сопруга на поранешниот соиграч на Гризман, Бакари Сања, своевремено ја опишала како многу љубезна, но многу дискретна жена.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.