Виктор Петров-Викса духовито за љубовта: „Секогаш кога ќе се сретнат две сродни души, носителите се насмеани до уши!“

„Не постои човек без љубов!“

Прочитајте ги духовитите мисли на познатиот радиоводител за љубовта

Гласот на Виктор Петров-Викса им е многу добро познат на слушателите на „Сити радио“. Благодарение на неговата одлична смисла за хумор и позитивен поглед кон светот, тој им е омилениот радиоводител на многумина. Го прашавме Викса кои се неговите сфаќања за љубота, а тој ни одговори на негов уникатен, духовит начин…

 

НЕ ПОСТОИ ЧОВЕК БЕЗ ЉУБОВ

ЉУБОВТА Е… тело икс со мозок, плус фантазија и малку самодоверба.

СРОДНИ ДУШИ СЕ… секогаш кога ќе се сретнат две сродни души, носителите се насмеани до уши.

ИДЕАЛНАТА ВРСКА… содржи најмалку двајца луѓе што имаат слични интереси. Кога се заедно, си одмораат и никогаш меѓусебно не се заморуваат. Ако со некого можеш да молчиш и да ти биде убаво, најверојатно си во добра врска.

ЉУБОВТА ИСЧЕЗНУВА АКО… не ја чуваш како што треба. Ја оставаш и даваш секому. Понекогаш можеби љубовта не исчезнува, туку само не можеш да ја видиш.

ЗА ЉУБОВТА НАУЧИВ… дека за да можеш да сакаш, треба да знаеш да го видиш доброто кај другите околу тебе. Освен тоа, кога се сакаш самиот себеси, автоматски знаеш и што би сакал или кого би сакал.

СКРШЕНО СРЦЕ… се лепи со „тешостик“, или попознат како лепило за срцев епител. Скршено срце се лекува и со рестарт на емотивниот систем и со реинсталација на мрежната романтика. Не пробувај без консултација со близок другар или стручно лице.

ЉУБОВТА ПРАВИ ДА БИДАМ… тоа што сум. Мислам дека не постои човек без љубов, само што некој знае, а некој допрва ќе ја дознае.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Васил Зафирчев за љубовта: „Не верувам во постоењето на скршени срца“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.