Со години го трпеше бившиот кој ја изневеруваше и понижуваше пред сите: Сега најде 15 години помлад кој ја обожава!

Љубовната приказна на Сиена Милер

Сиена Милер не престанува да се смешка во друштво на новиот дечко Оли Грин. Изгледа дека среќата тропнала на нејзината врата

Сиена Милер деновиве среќно шета покрај 15 години помладиот дечко Оли Грин со кого е во врска од пролетта. Инаку, нејзините следбеници останаа без текст кога ја видоа како се дружи со поранешниот дечко Том и неговата нова девојка Алекса Чанг.

Тие четворица отишле на музички фестивал, се дружеле и пиеле, а фотографиите осамнале на инстаграм-профилот на Попи Делавињ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Poppy Delevingne (@poppydelevingne)

Сиена Милер со години ја следеше лоша среќа со момците и врските, додека не го сретна Оли.

Пред него беше во врска со Том, со кого има и ќерка Марло (9), па поради детето останале во одлични односи.

Сепак, на јавноста најпозната ѝ е по врската со Џад Ло, кој беше суров со неа. Нивната романса беше тема број еден тие години. Се зборуваше дека поради Сиена, актерот ја оставил дизајнерката Сејди Фрост со која има три деца. Сиена и Џад се свршија, но потоа нов скандал се појави во јавноста.

 

Имено, актерот ја изневерил со дадилката, а потоа ѝ направил дете на келнерката. Сиена веднаш беше претставена во јавноста како изневерена жена и сите нејзини актерски проекти паднаа во вода.

„Беше навистина тешко. Се надевам дека никогаш повеќе нема да доживеам такво нешто во животот. Токму тогаш работев на претстава во театар во која имав главна улога и со недели морав сама да станува од кревет и да се соочувам со раскинувањето кое стана јавно. А потоа морав секоја вечер да застанам пред 800 луѓе. На тие први неколку недели воопшто и не се сеќавам“, рекла актерката во едно интервју.

Сепак, Сиена му простила на Џад и парот повторно се сврши во 2010 година. Но следната година, сепак прогласија крај. Сиена сепак не можела да му го прости неверството.

Но тогаш до јавноста стигна и еден неверојатен факт: изгледа дека Сиена одлучила да му врати на Џад мило за драго, па го изневерила со неговиот најдобар пријател Даниел Крег.

Џад Ло ги потврдил озборувањата и рекол дека кога слушнал за неверството, веднаш му се јавил на Даниел Крег со кого се скарал.

По сите љубовни проблеми, Сиена сепак сега е среќна со младиот Оли. Се зборува дека двојката има сериозни планови и наскоро се очекува свршувачка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.