Се шушка дека бракот на славниот фраер е лага и дека тој е всушност геј: Денес, со една објава ги замолчи скептиците!

Велат дека има лажен брак

Хју Џекмен не им обрнува внимание на коментарите дека неговиот брак е лажен и уште еднаш докажа колку ја сака својата сопруга

Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес се во брак уште од 1996 година, а коментарите дека изгледаат како мајка и син не стивнуваат ни денес.

Славната двојка, која има две посвоени деца, син Оскар и ќерка Ава, се запознала на снимањето на австралиската ТВ-емисија „Корели“ во 1995 година, но 11 месеци подоцна сфатиле дека сакаат заедно да го поминат животот.

За време на бракот не биле поштедени од трачовите дека Хју е хомосексуалец, но сега тој направил нешто поради коешто му се воодушевуваат сите жени на светот. Тој на својот инстаграм-профил ѝ го честитал роденденот на својата сопруга и уште еднаш им ставил точка на коментарите за нивниот лажен брак.

„Среќен роденден на мојата извонредна сопруга. Ова е 28. пат да го прославувам овој ден со тебе. Ме научи многу работи, вклучувајќи го и тоа како се слави. Како се слави животот, семејството, пријателството и љубовта. Твоите сјај и радост ги осветлуваат сите околу нас. Јас и децата уживаме во тој сјај секој ден и денес се молиме да ја почувствуваш сета наша љубов. Те сакам“, напишал Хју под фотографијата на која позира со сопругата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)


Шпекулациите дека нејзиниот сопруг е геј Дебора ги објаснила како етикетирање на познатите личности без причина и додала дека дури и да е тоа вистина, Хју никогаш не би морал да се крие.

„Да беше Хју геј, ќе можеше да биде геј. Не би морал да се крие во плакарот, а би излегувал со Бред Пит или со кого друг сака. Тоа не значи дека Бред е геј, но знаете на што мислам“, изјавила таа пред неколку дена гостувајќи во еден подкаст.

Рекла и дека не чита многу коментари и текстови на таа тема, бидејќи сето тоа станало премногу „застарено“.

Ова не е првпат Дебора Ли да ги коментира озборувањата поврзани со нејзиниот сопруг, кои претходно ги има наречено „измислени“ и „злонамерни“.

„Тоа е едноставно погрешно. Тоа е како некој да каже дека Елтон Џон е стрејт. Сигурна сум дека би се налутил. Па што! За што зборуваме ние тука? Дали е вегетаријанец… дали е геј?“, револтирано одговорила во една пригода и истакнала дека многу е среќна во бракот со актерот.

Сè почести се озборувањата дека актерот заслужува помлада и поубава жена од неа: Тој бил дотеран, а таа како да ѝ се потсмевала на модата!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.