„Се омажив за 30 години постар маж, помлада сум од неговите деца“: Сведоштва на парови со голема разлика во годините

Еве како изгледа нивниот живот денес

Фото: Pixabay

Паровите со голема разлика во годините откриваат како изгледаат нивните животи и ги рушат сите негативни предрасуди

Парови со голема разлика во годините од целиот свет ги споделиле своите неконвенционални љубовни приказни на Интернет за да ги разбијат негативните предрасуди околу тоа дека таквите врски се исклучиво засновани на материјални интереси или психички проблеми, како и дека не можат долго да траат.

Британката Алис повеќе од три години е во врска со партнерот Тим, кој е 33 години постар од неа.

„Тој е постар од моите родители, а трите негови деца се постари од мене, но живееме како нормално семејство“, вели таа.

Лора Мери (23) и Дејвид Оливер (52) од Самерсет ги дели разлика во години од три децении.

„Заедно сме веќе речиси 2 години и многу сме вљубени. Нашата приказна почна кога го слушав неговиот бенд на це-де, а потоа одлучив да го побарам на Фејсбук. Станавме пријатели, а потоа и пар. Денес тој е мојата љубов и мојот најголем пријател“, раскажала таа.

Бразилска студентка (20) го запознала својот дечко (38) за време на настава на универзитет на кој таа студирала визуелни уметности, а тој студирал музика. Вели дека тоа била љубов на прв поглед.

„Имавме многу проблеми со прифаќањето, особено поради моето семејство. Но веруваме во сродни души и се бориме за нашата љубов.“

Холи Мери открила дека нејзиниот партнер е 28 години постар од неа и дека заедно се повеќе од две години.

„Тој е првиот човек кој ме оживеа во врската. Начинот на кој покажува љубов и приврзаност е како ниеден друг“, напишала.

Американката Ема Колин Вокер (21) вели дека својот партнер Мајкл (41) го запознала додека била во средно училиште.

„Јас и дечко ми сме заедно веќе речиси две години и секој момент со него е апсолутно блаженство. Тој беше мој професор, а отсекогаш ми се допаѓал. Неколку месеци откако завршив училиште му се јавив и станавме блиски пријатели, а останатото е историја. Колку и да звучи клише, ако сакате некого, годините навистина се само бројка“, вели Ема.

Алекса Никол (25) е со партнерот Марк (55) повеќе од една година.

„Пред две години го запознав мажот што ми го промени животот. Секој ден сум сѐ повеќе вљубена во него, а разликата во години не ја ни забележуваме, бидејќи нашите души се поврзани“, вели 25-годишната Алекса.

ТЕСТ: Можеби сепак не сте еден за друг? Проверете!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.