По 30-годишниот брак, на 76 години го пронашла него: Љубовната приказна на Џуди Денч е вистинска инспирација!

Неверојатна жена!

87-годишната актерка Џуди Денч веќе цели 65 години работи без престан и изгледа дека не планира да се пензионира во скоро време, ниту пак да живее без љубов

И покрај брзиот начин на живот и неверојатната кариера, Денч секогаш успевала да најде време за љубов, и кога била млада, но и на 76-годишна возраст.

Првиот сопруг на познатата актерка бил љубовта на нејзиниот живот.

Џуди Денч и нејзиниот покоен сопруг Мајкл Вилијам се венчале во 1971 година и биле заедно до неговата смрт во 2001. Многупати зборувала за нивната врска нагласувајќи дека никогаш не морале напорно да работат на љубовта. Сé течело мирно и природно.

Иако поминале речиси 20 години од неговата смрт кога починал од рак на белите дробови, зборувањето за него сé уште ѝ предизвикува солзи во очите.

„Ох, колку ме смееше. Имавме прекрасни моменти. Никогаш не беше ништо комплицирано ниту мачно. Имав среќа што го запознав.“

Џуди Денч мислела дека веројатно никогаш нема да го преболи, а кога во едно интервју ја прашале колку време ѝ требало за да го преболи, таа кажала:

„Не знам. Можеби сé уште не сум успеала во тоа.“

Девет години по големата загуба, Денч повторно се вљубила кога имала 76 години.

Не била подготвена за такво нешто, ниту очекувала дека повторно ќе ѝ се случи љубов, но сето тоа го променил Дејвид Милис.

Џуди и Дејвид се во љубовна врска повеќе од 10 години. И по многуте години заедно, таа го нарекува „мојот човек“, бидејќи не ѝ се допаѓа називот дечко или партнер.

Таа смета дека хуморот е клучот за успешна врска и дека тоа е најпривлечното нешто кај еден маж, а тој многу ја засмејува и ја прави среќна.

„Обожавам да се смеам. Фала му на Бога сега имам некој за тоа.“

Не планираат да се венчаат, а во едно интервју ја прашале за тоа, на што таа одговорила:

„Не, не, не, не. Ајде сите да се прибереме и да уживаме во годините што ги имаме со достоинство.“

Исто така, одлучиле да не живеат заедно и подобро им е секој да си остане во својата куќа. Сепак, тие се само неколку километри оддалечени еден од друг и речиси секој слободен момент го поминуваат заедно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.