Го барате ВИСТИНСКИОТ? Завртете се, тој е зад вас! (на некој начин)

Искуствата на нашите читателки

Сметате дека вашиот бивши не бил оној Вистинскиот? Само затоа што вашата врска не траела цел живот, не значи дека не ве научил на нешто важно за вас, за животот и за вашата следна врска…

Размислете за бившите партнери и присетете се на нешто убаво врзано за секој од нив. Ајде, ајде – сигурно постои нешто! Иако сите сме склони да ги критикуваме бившите, ако за миг запреме и размислиме за поубавите страни на нашата врска, сигурно ќе се присетиме на некои позначајни нешта што ги направил или, пак, на лекциите што, благодарение на дотичниот, добро сме ги научиле.

Секоја врска во нашиот живот е корисно искуство. Различните проблеми и пресврти што ги доживуваме во некој однос ни даваат шанса да осознаеме што е за нас вистинска среќа и какви се нашите реални можности.

Од секоја врска можеме да извлечеме нешто позитивно – таа за нас претставува ново искуство што ни овозможило подобро да се запознаеме себеси и своите желби. Затоа, откажете некое време од потрагата по Идеалниот и присетете се…

Тој беше Вистинскиот… да ме научи да ги прифаќам луѓето онакви какви што се

„Односот што го имав со него беше доста турбулентен. Сакаше да се забавува и често не ми јавуваше каде се наоѓа, а се враќаше дома доцна. Бевме млади и требаше заедно да се забавуваме, но мене ми беше поважно да го сменам кај него она што не ми се допаѓаше. Колку почесто излегуваше, толку почесто одбивав да одам со него, и накрај раскинавме.

Кога го сретнав идниот дечко, сфатив колку е важно да не се запостават сопствените потреби. Сите сме луѓе што имаат пријатели и лични интереси, но истовремено сме во врска со некој со кој треба првенствено да се забавуваме.“

Јована, 31

Тој беше Вистинскиот… да ми помогне да се пронајдам

„Мојот бивши дечко беше совршено организиран и посветен на своите цели. За разлика од него, јас водев хаотичен живот и настојував да стасам секаде и да испробам различни работи. Тој ме научи да запрам и да размислам што ми е најважно во животот, а потоа и да се фокусирам тоа да го остварам. Благодарение на него, ги завршив студиите, ја пронајдов работата што ме исполнува и му се посветив на изучувањето јазици. Задоволна сум што сум добра во неколку работи, а не сум просечна во сè.“

Ема, 28

Тој беше Вистинскиот… да ми ја врати сексуалната самодоверба

„Кога партнерот, како една од причините за раскинувањето, ќе ви каже дека не сте привлечни и дека не можете сексуално да го возбудите, тоа навистина може да биде погубно за вашата самодоверба. Поради таквата траума бев во страв дека повеќе никогаш нема да можам да бидам интимна со некого. Така беше сè  додека го сретнав Дејан. Од првиот миг тој ми покажа дека ме смета за најсекси жена на планетава.

По неколку недели платонска врска, дојде време и да водиме љубов. Јас бев ужасно напната. Но се воспостави дека сета нервозна била непотребна. Дејан ми покажа дека мојата сексуална самодоверба всушност не исчезнала. Исто така, бев свесна дека ова ’откритие’ не е причина да го идеализирам, ми беше убаво со него, но не го гледав како животен партнер. Но секогаш ќе се сеќавам на мажот што ми ја врати вербата во себе.“

Маја, 29

Тој беше Вистинскиот… да ја поттикне мојата амбиција

„Го запознав во средно училиште. Тој беше неколку години постар од мене и веќе работеше. Мој сон беше да студирам право, но толку бев вљубена во него што ќе се откажев од студиите доколку ме побараше за жена. Сепак тој не го направи тоа. Знаеше колку ми е важно да станам правник и ме поддржа во тоа.

Раскинавме половина година по моето преселување во друг град заради факултетот. Сега ми е јасно дека уште тогаш знаел што ќе се случи кога ќе се разделиме, но не сакал да ме задржува. Без неговата поддршка немаше да бидам ова што сум денес.“

Сања, 29

Тој беше Вистинскиот… да ме смени на подобро

„До 23-та година кажував сè што ми беше на ум, убедена дека тоа значи дека си отворена личност. Кога го запознав Никола, брзо ја научив лекцијата за туѓите чувства. Уште на стартот на врската се каравме поради мојата нечувствителност. Една вечер расправијата ескалира и раскинавме. Но неколку дена подоцна сфатив дека не можам без него. Одлучив да го сменам однесувањето. Дури и побарав психолошка помош.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.