Како да ја одржите рамнотежата за да се спречите паѓање?

Открива доцентката Елена Петровна Клипко, невролог

Според статистиките, секоја година кај третина од популацијата постара од 65 години се случуваат падови. А повеќе од половина од тие луѓе не паѓаат само еднаш, при што околу 10–15% од случаите добиваат сериозни повреди. Причина за тоа е губењето рамнотежа

Најчесто падовите се случуваат поради вртоглавица настаната поради повреда на внатрешното уво (еден од главните органи што е одговорен за рамнотежа).

Причини – непрележано воспаление на внатрешното уво, атеросклероза, тромбоза, спазам на крвните садови на главата и на вратот, проблеми со вестибуларниот апарат (сетилото за рамнотежа), повреди на увото и на главата, акутен лабирантитис (воспаление на уво), мултипла склероза, тумори на мозокот.

Жените двапати почесто страдаат од вртоглавица, а ризикот од скршеница при пад кај нив е поголем поради остеопорозата. Плус, кај сите со текот на годините мускулите се помалку еластични и јаки, а зглобовите често се заболени.

За да се заштитите од паѓања и повреди, за почеток посетете оториноларинголог и невролог. Доколку нема сериозни патологии, за нормализација на механиката на внатрешното уво и воспоставување контрола над рамнотежата задолжително правете вежби.

Вежби за секој ден

Кога ќе се разбудите, седнете на креветот, исправете го ’рбетот и гледајте право – почетна положба.

Потоа полека легнете на левиот колк и свртете ја главата кон горе под агол од  45 степени (за да постигнете правилен агол, замислете дека пред вас на метар и половина стои човек и дека го гледате в лице).

Останете во таа положба 30 секунди, или додека престане вртоглавицата. Вратете се во почетната положба. Направете исто и на другата страна.

Повторувајте ја вежбата пет пати прекуден и навечер две недели, или додека престанат вртоглавиците.

За тренирање баланс, корисни се и обични чучнувања – подигнувајте се на прстите по 10–15 пати на ден. Но не кога ви се врти во главата, туку кога се чувствувате добро.

Исто така, пробајте и да стоите на една нога.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе