Едноставно ме полудуваш!: На што најмногу се жалат жените, а на што мажите кога се во љубовна врска?

Мажи VS жени

На прашањето што најмногу ги нервира во врската – мажите и жените доста различно одговараат.

Машки поплаки на жените:

Војна со молчење

Потсетување на старите проблеми и грешки

Претерана заинтересираност и возбуда или целосна рамнодушност

Критизерство

Тврдоглавост и непопустливост

VS

Женски поплаки на мажите:

Заборавање важни датуми

Недоволно залагање во работата

Гласно испуштање телесни звуци

Обрнување внимание на другите жени

Тврдоглавост и непопустливост

Како да се изборите со партнеровите мани?

1 Без разлика на тоа колку ве нервира однесувањето на партнерот, вашето толкување е поголемиот дел од приказнава. Концентрирајте се на неговите позитивни особини, па така ќе ја смените својата перспектива.

 2 Тој можеби не знае дека оставањето на штицата крената ве нервира, па затоа соопштете  му го тоа тактично. Ако сепак не се смени, потсетете се на тоа што го имате, а што би можеле да го загубите заради караница.

3 Избегнувајте постојано да ги спомнувате неговите навики што ве нервираат. Критиката иритира сама по себе. Подобро направете го тоа со допир, хумор и со игри за ублажување на опасни ситуации и бидете конструктивни во разговорот.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.