Дали ќе биде добар сопруг? Знаци кои го потврдуваат тоа!

Како можете да го заклучите тоа? Кои знаци го потврдуваат тоа?

Дали ако вашиот сакан ве запроси животот ќе ви стане исполнет со внимание, поддршка и љубов или бракот повеќе ќе личи на ноќна мора? Изгледот може да ве измами, но ако погледнете внимателно, следните знаци ќе ви кажат дали навистина вреди да го трошите вашето време за тој маж и дали ќе биде ваш „засекогаш“. И кои се тие знаци?

1. Се почитува себе си и луѓето околу него

Овој вид на човек се почитува себеси и оние околу него. Тој можеби не е претерано убав или смешен, но има почит. Тој ги гледа луѓето во очи кога разговара со нив и ги исполнува ветувањата што ги дава. Тој не се однесува само зрело и компетентно кога сте наоколу, тој е таков цело време. А тоа е знак дека ќе биде добар сопруг.

2. Тој е емотивно стабилен

Следниот клучен атрибут што треба да го барате кај мажот со кој планирате да се омажите е емоционалната стабилност. Некои од најголемите уметници и генијалци во историјата создале работи што го променија светот, но тие не биле одлични партнери. Способноста да ја смирите бурата внатре и да се справите со емоциите е клучен знак дека некој ќе стане добар брачен партнер.

Професорот по психологија, д-р Гвендолин Сајдман добро кажал: „Особината на личноста која најмногу влијае на нашите односи е емоционалната стабилност“. Оние на кои им недостасува обично се нерасположени, чувствителни, вознемирени и брзо се лутат – сето тоа се квалитети кои им го отежнуваат животот на оние околу нив“.

3. Неговите зборови се совпаѓаат со неговите постапки

Ова е исто така еден од клучните знаци дека мажот ќе биде добар сопруг. Кога зборува за тоа што ќе направи, тој го прави тоа. Кога зборува за своите вредности, тој ги поткрепува со вистинско однесување во реалниот свет. Има многу мажи кои знаат убаво да зборуваат, да ветуваат многу – но што е со постапките? А што прават кога никој не ги гледа? Ова се поврзува со следната точка.

4. Тој знае кој е и стои зад тоа

Мажот што го сакате за животен партнер не се колеба околу тоа кој е и во што верува. Има цврст идентитет и вредно животно искуство што го направил тоа што е и на сигурен начин го зацементира она за што се залага. Ова му дава стабилност во она што сака или нема да го толерира.

„Тоа се среќни души кои знаат кои се, што можат да дадат, што им треба за возврат. Тоа се луѓе кои ги надминале тешките моменти во животот и сега знаат да го ценат животот и сè убаво што им се случува“, вели психологот д-р Ранди Гунтер. „Тие нашле начини да ја интегрираат севкупноста на нивните животни искуства во спој на тивка самодоверба“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.