Пет креативни идеи за уредување на дворот – Оаза за уживање на која ќе ѝ се воодушевувате

Совети

Во оригиналните идеи и ефектни градинарски елементи, дури и најмалото парче зелена површина може да стане оаза за уживање на која ќе и се воодушевувате.

Пергола како модерен елемент во дворот

Доколку просторот во Вашиот двор е мал за големо дрво или ви е потребна алтернатива додека тоа не порасне, перголата е елегантно решение кое ќе ви обезбеди ладовина и ќе и донесе на вашата градина повеќе карактер отколку чадор. Перголата на некој начин претставува продолжение на ентериерот бидејќи ќе ви овозможи простор во кој ќе се чувствувате како во дневна соба.

Креирајте смирувачка водена оаза

За да имате водена оаза во дворот, не е важно со колку простор располагате. Доволно е и сосема мала водена површина или фонтана за да ве освежат и релаксираат за време на топлите денови. Ако ги обожувате „направи сам” проектите кои не бараат многу време и пари, а можат во целост да го променат просторот, пребарајте на Интернет, постојат илјадници совети за како тоа да го направите.

Ако не се плашите од амбициозни проекти и подготвени сте да издвоите малку повеќе пари за своето катче за релаксација на отворено, ви предлагаме во едниот дел од дворот да изградите воден ѕид кој секако нема да помине незабележано.

5 ideja za uredenje malog dvorišta Vodeni zid 3

Песок како евтино и практично решение

Ако барате евтино и брзо решение и при тоа сакате максимално да го искористите својот простор, делот од тревникот заменете го со песок. Песокот е одлично решение бидејќи не бара посебно одржување, а и полесно се поставува од камените плочи или цигли. Единствено неопходно е да поставите подлога под песокот која ќе спречи растење на дива трева.

Украсни патеки

Интересната патека може да претставува вистински украс во градината, а некои од најдекоративните патеки се направени од разнобојни камења кои даваат вистинска слобода да ја изразите својата креативност. И сосема мала патека од капијата до куќата би била доволна да ги воодушевите своите гости, но и секој кој ќе помине покрај вашиот двор.

5 ideja za uređenje malog dvorišta Staza

Вертикална градина

Вертикалната градина е исклучително атрактивна и лесно се вклопува во секој тип на двор, но и е идеално решение доколку немате многу простор на располагање. Со помош на нив можете да ја зголемите површината под растенијата во градината. Дополнителна предност е тоа што креативните вертикални градини можат да ги направите сами користејќи најразлични предмети како гајби, палети и стари шишиња.

5 ideja za uređenje malog dvorišta Vertikalna basta

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.