Луксуз што ѝ доликува на поп-кралицата: Новиот дом на Мадона вреден 16 милиони долари (ФОТО)

Нов бисер во богатата ризница на недвижнини

На листата на луксузни недвижнини, кралицата на поп-музиката неодамна ја запиша вилата во пасторалната населба Хиден хилс во Лос Анџелес, во која живеат само познати личности, а која ја плати 16 милиони долари.

Иако резиденвијалната населба во која по војната се доселил целиот Холивуд ја сочинуваат и згради стари неколку децении, палатата на Мадона е од поново „производство“. Имено, никна пред четири години среде имотот од 1,2 хектари, опкружен со ридови и дрвја. Куќата е со површина од 1,250 квадрати, изградена во модерен стил, во согласност со калифорниските архитектонски правила.

Има девет соби, 11 бањи, голем салон, мини-кино, вински подрум, вежбалница, спа-оаза, базен, тениски терен, гаражаза пет автомобили…

Погледнете како изгледа новиот дом на Мадона, кој го купи од раперот Д Викенд.

Фото: Getty Images, Profimedia

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.