Зошто компирот се готви во ладна, а брокулата во зовриена вода? (ВИДЕО)

Спречување на пукање или распаѓање

Што резултира со рамномерно готвење

Дали знаете кој зеленчук треба да го ставите во ладна вода и така да почне готвењето, а кој да го додадете во водата кога е зовриена? Постојат неколку причини зошто некои зеленчуци се ставаат да се варат во ладна вода, додека други се ставаат во врела.

Некои видови, како коренест зеленчук (на пр. компири, моркови, сè што расте под земја), имаат густа текстура и им треба подолго време за да се сварат. Ставањето на овие зеленчуци во ладна вода им овозможува постепено да се загреваат, што резултира со рамномерно готвење и спречување на пукање или распаѓање.

Некои покревки видови зеленчук кои се готват за прилично кратко време, како зелениот зеленчук (на пр. брокула, грашок, сè што расте над земјата). Со краткото готвење се зачувува свежината, бојата и хранливита материи. Ставањето на овие зеленчуци во врела вода им овозможува брзо готвење, а потоа може веднаш да се изладат за да се запре процесот на готвење и да се зачува нивната крцкавост и свежина (од врела директно во ладна вода).

Видови зеленчук што се ставаат во ладна вода:

Компир
Морков
Батат (сладок компир)
Цвекло
Репка
Целер

Видови зеленчук што се ставаат во зовриена вода:

Брокула
Грашок
Аспарагус
Мешунки
Спанаќ
Тиквички

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.