Рецепт за највкусната панцерота: Еве како професионалците го прават тестото! (ВИДЕО)

Панцеротата е едно од најпопуларните јадења во светот и може да се полни на различни начини...

Колку што сакаме пица, уживаме и во разновидните јадења што може да се направат од тесто за пица како што е панцеротата. Филот за панцерота најчесто се прави од сирење, доматно пире и шунка, но можете да го направите и од други состојки по желба. И додадете зачини, оригано, бибер, лута пиперка…

Рецепт за највкусна панцерота: Тајната е во доброто тесто

Панцерота можете да ја наполните со што сакате, а најважно е тестото да биде добро направено. А за да направите добро тесто за панцерота, професионалците велат дека треба да имате трпение и добро да го замесите. Не жалете за трудот, бидејќи вкусот ќе ве воодушеви.

На интернет има безброј рецепти за приготвување панцерота, а вниманието ни го привлече следниов рецепт од Инстаграм:

Состојки:

За тестото:

400 грама бело брашно
1/2 лажичка сув квасец
1 лажичка морска сол
1 лажичка шеќер
260 мл ладна вода
1 лажица маслиново масло

За филот:

250 гр моцарела или полномасно сирење (по вкус)
1/2 чаша доматно пире
1 лажица рендан пармезан
100 гр шунка
1/2 лажичка суво оригано

Подготовката погледнете ја во видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by of jelaforgia® (@saporidipuglia)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.