Салата од свежа зелка: 5 рецепти со кои нема да ви треба главно јадење

ФОТО: Getty Images

Залачиња што заситуваат и освежуваат

Во текот на големите жештини не ни годи тешка храна, па најдобро е да консумираме освежувачки, лесни оброци кои можат добро да не’ заситат.

Токму затоа ви предлагаме 5 одлични рецепти за салата со свежа зелка, со кои нема да ви треба никакво друго јадење. Тие ќе ве освежат и заситат!

Ориентална салата со зелка и морков

Состојки: 200 грама свежа зелка, 1 морков, 1 краставица, 2-3 стапчиња целер, 2 чешниња лук, 2 лажици путер, 1 лажица лимонов сок, 2 лажици соја-сос, малку бибер по вкус

Приготвување:

Крупно изрендајте ја или исечкајте зелката, потоа краставицата и морковот исечкајте ги на тенки ленти, а целерот на што поситни крукчиња, па сето тоа измешајте го. Во посебен сад измешајте соја-сос, путер и лимонов сок. Додајте лук и бибер по вкус. Нема потреба од сол, бидејќи соја-сосот е доволно солен. Прелејте го врз зеленчукот и уживајте.

Зелка-салата со туна

Состојки: 1 конзерва туна, 400 грама свежа зелка, половина струк млак кромид, 3 лажици густ јогурт, сол и бибер по вкус

Приготвување:

Исечкајте ја зелката во длабок сад, посолете ја и внимателно измешајте ја. Додајте исечкан млад кромид и парчиња туна. Зачинете ја салатата со јогурт и бибер, измешајте и послужете.

Егзотична салата со моцарела

Состојки: 300 грама зелка, 1 помала главица кромид, 1 краставица, 10 маслинки, 6 шери домати, 150 грама моцарела, половина лажичка сол, 3 лажици маслиново масло, лажичка мед, 1 лажица лимонов сок, бибер и други зачини по вкус

Приготвување:

Тенко изрендајте ја зелката во длабок сад и посолете. Потоа, додајте ги исечканиот кромид, маслинки, краставица и зачини по желба. Добро измешајте и сипете ја во садови за послужување, па врз секој од нив изрендајте моцарела и наредете половина од шери доматите. Во посебен сад измешајте мед, маслиново масло, лимонов сок и бибер, па истурете ја смесата врз салатата.

Салата со меден прелив

Состојки: 300 грама зелка, 4 лажици грашок од конзерва, 10 маслинки, половина струк млад кромид, 4-5 ореви, малку шеќер и сол, 3 лажици лимонов сок, 3 лажици сончогледово масло, 1 лажица мед

Приготвување:

Исечкајте ја зелката, прелејте ја со шеќер и сол, па додајте грашок, исечкани маслинки и крупно сечкани ореви. Во посебен сад измешајте лимонов сок, масло, мед и бибер, па прелејте ја салатата и сето тоа убаво измешајте го.

Напомена: Оваа салата е одлична и за слабеење!

Зелка-салата со портокал

Состојки: 500 грама зелка, 2 портокали, 1 лажичка сол, малку бибер, 1 лажичка шеќер, 2 лажички оцет балсамико ,2 лажици маслиново масло, зачински билки по вкус

Приготвување:

Ситно исечкајте ја зелката, додајте ги зачинските билки, сол, бибер и шеќер, па сето тоа убаво измешајте го. Излупете го портокалот, отстранете ја кожичката, исечкајте го и додајте го во салатата. Зачинете со оцет и масло и уживајте во освежувачкиот вкус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.