Вегански такоси по кои ќе полудат и најмалите

Такоси со сочен фил што нема да можете да престанете да ги јадете

Едно од најпопуларните јадења во светот денес секако се такоси, кои многу брзо се шират од Мексико насекаде.

Тако е традиционално мексиканско јадење кое се состои од тортилји, направени од пченкарно или пченично брашно, полнети (и преклопено или завиткани) со разни состојки: мелено месо, риба, морски плодови, зеленчук. Овој посебен вид тортилја денес се служи со разни придружни јадења како салса, чили пиперки, кромид, гуакамоле намаз и салата. Но, не е навистина познато од каде потекнува првото тако. Знаеме само дека биле послужени во 18 век. Пол М. Пилчер ја истражувал историјата на такосот и открил дека самиот израз потекнува од рудник за сребро во Мексико. За тако се верува дека прво се однесувал на динамитот користен во рудниците; барутот во динамитот беше цврсто завиткан во хартија, слично како денешните состојки на такоси завиткани во тортилја.

Но, доволно за нивната историја, денес ви носиме едноставен рецепт за веганско тако што ќе го обожаваат и децата и возрасните.

СОСТОЈКИ:

Фил:

  • 1 лажица масло
  • ½ грубо сецкани главици кромид
  • печурки
  • 1 пакет сеитан или состојка што сакате да ја вметнете
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка чили
  • 1 чешне лук, сецкан

Погледнете ги другите состојки за сосови и постапката на видеото.

Испробајте и: Рецепт на денот: Мусака со модар патлиџан

 

ФОТО: Hotforfood blog

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.