Есенцијални масла за патнички тегоби

Есенцијални масла за најчестите проблеми при патувањето што мора да се најдат во вашата торба за патување.

Ова лето, колку што сме слободни да патуваме, така и повеќето од нас полека се подготвуваат за летен одмор. Се разбира, домашната аптека е неопходна, а она што многумина не го знаат е дека многу проблеми можат да се решат со есенцијални масла. Еве како.

Есенцијални масла за патнички тегоби

За мачнини

Голем број на луѓе страдаат од движење (кинетоза). Маслото од ѓумбир може да помогне при гадење и повраќање. Ова растение е познато по придобивките што ги има на нашиот стомак и често се препорачува токму во борбата против гадењето. Намачкајте две капки од ова масло во крпа и вдишете го мирисот кога ќе почувствувате желба да повраќате.

Против анксиозност

Некои луѓе доживуваат епизоди на анксиозност на патот, без разлика дали сте во авион, автобус или автомобил. Во овој случај, маслата од камилица, лаванда, јасмин, риган, жалфија и вербена помагаат.

Контрола на комарци

Инсектите, а особено комарците, се кошмар секое лето. Најдобро ги одбива мирисот на лаванда, еукалиптус и лимон. Измешајте 35 капки масло од лаванда со 15 капки масло од еукалиптус и 10 капки масло од лимон. Истурете ја смесата во шише со спреј. Оваа мешавина можете да ја додадете и во маслото за тело.

Ублажување на лесни изгореници

На секој од нас му се случило малку да се изгори за време на престојот на плажа. Во овој случај, маслата од лаванда и камилица можат да ја ублажат болката, убодот и затегнувањето на кожата. Додадете ги во лосион или масло за тело и нежно масирајте ги во болни места.

„Џет-лег“

Поспаност, промени во расположението, несоница… сето тоа се последиците од т.н. „џет-лег“. Овие симптоми може да се ублажат со помош на масла од лаванда, грејпфрут и лимон. Капнете неколку капки во марамица и вдишете кога чувствувате симптоми.

Белешки

  • Есенцијалните масла се користат исклучиво за надворешна употреба.
  • Не заменувајте лекови со масла.
  • Ако имате чувствителна кожа, тестирајте ја на дел од кожата пред да ги користите и почекајте ја реакцијата.
  • Бидете внимателни кога го користите маслото на бебиња, деца, бремени жени и стари лица.

Прочитајте и: Колку шеќер смееме да внесеме дневно?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.