Тестенините се едно од најубавите, наједноставните и највкусните јадења, а сицилијанските тестенини ќе ви дадат неверојатно доживување на прекрасните вкусови на Медитеранот.
Состојки:
3 лименки туна
1 кромид
1 анасон
30 мл маслиново масло
50 г капари
1/2 лажиче анасон во прав
200 мл бело вино
прстофат шафран
50 г сончоглед
сол по вкус
бибер по вкус
300 г шпагети
2 лажици лебни ронки
свеж магдонос по вкус
Приготвување:
Кромидот ситно се ренда, анасонот се сече на тенки парчиња и се пржи на маслиново масло со анасонот во прав.
Штом кромидот добие жолта боја, додајте процедени парчиња туна, капари и лебните ронки и се’ прелијте со бело вино.
Кога сосот ќе се згусне, посолете и наросете со бибер и додадјте ги процедените тестенини заедно со неколку лажици вода во која се вареа тестенините.
Сè убаво измешајте, па посипете со сечкан магдонос и лесно потпечени семки од сончоглед.
Текст: Добра храна