Сите генерации обожаваат ВАФЛИ: Ова се трите најдобри рецепти – меки како душа, а колку подолго стојат толку повкусни се!

Можете да им одолеете?

Ви ги предлагаме најдобрите рецепти за вафли

Вафлите им се омилениот десерт на многумина. Кај овој десерт нам ни се допаѓа тоа што брзо се приготвува, превкусен е и останува тазе и до недела дена. А еве како да го приготвите!

Основен рецепт за вафли

Состојки:

  • 3 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • помала шолја масло
  • 1/4 л млеко (250 мл)
  • 1/2 кг брашно
  • 1 прашок за печиво
  • рендана кора од лимон
  • калап за вафли

Приготвување:

Пенесто изматете 3 белки. Со постојано матење, додајте и шеќер, ванилин шеќер, жолчки, млеко, масло, кора од лимон и на крајот прашок за печиво помешан со брашно. Матете додека добиете соединета смеса.

Печете ги вафлите во апарат за вафли. Филувајте ги по свој вкус. Прелејте ги со чоколадо, намачкајте ги со крем или џем, украсете ги со шлаг или сладолед.

Вафли со чоколадо

Состојки:

  • 1/2 л млеко
  • 300 г брашно
  • 1/2 лажиче прашок за печиво
  • 3 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 г путер или маргарин
  • 2 лажички какао во прав
  • 3 коцки чоколадо за готвење
  • рендана кора од лимон
  • цимет по желба

За преливот:

  • 100 г чоколадо
  • 2 дл слатка павлака
  • 1 лажица шеќер

Приготвување:

Пенесто изматете ги јајцата, додајте шеќер и ванилин шеќер, па продолжете со матење. Во смесата додајте стопено чоколадо, какао, цимет по желба и кора од лимон, па изматете. Во смесата сипете млеко и внимателно, со непрекинато мешање, додавајте го брашното со прашокот за печиво.

Добро изматете ја смесата за да не ви се направат грутки од брашното. На крајот, додајте стопен путер или маргарин и изматете.

Испечете ги вафлите, па прелејте ги со чоколаден прелив.

За чоколадниот прелив: На шпорет загрејте слатка павлака со шеќер. Во загреаната слатка павлака додајте коцки чоколадо и мешајте додека се добие изедначена, соединета смеса.

Тргнете го од шпорет и почекајте преливот да се олади, па прелејте ги вафлите.

Слатки вафли со афион

Состојки:

  • 150 г мелен афион
  • 200 г брашно
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 100 г шеќер
  • 150 г путер
  • 3 јајца
  • рендана кора од лимон
  • малку млеко, по потреба

Приготвување:

Пенесто изматете ги путерот, јајцата и шеќерот. Полека, со непрекинато мешање, додавајте брашно со прашок за печиво, афион и на самиот крај, додајте кора од лимон. Доколку смесата е премногу густа, додајте 1-2 лажички млеко.

Печете во загреан апарат за вафли. Филувајте ги вафлите со стопено чоколадо и украсете ги со свежо овошје и сладолед.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.