Рецепт на денот: Комисброт со банана и чоколадо

Колач што ќе го направите за неколку минути, а ќе уживате во него една недела.

Класичниот комисброт се прави без банани, но овој е многу помек. Покрај чоколадото, во тестото може да се додадат и јаткасти плодови, како лешници, ореви и бадеми.

Состојки:

1 шолја шеќер
200 г путер
2 јајца
4 испасирани банани (што е можно позрели)
2 чаши брашно
1 лажичка сода бикарбона
150 г ситно сечкана чоколада за готвење
2 лажички екстракт од ванила
прстофат сол

Приготвување:

Путерот, шеќерот и екстрактот од ванила изматете ги со миксер. Додајте ги јајцата и испасираните банани и продолжете да мешате уште неколку минути. На крај додајте ги преостанатите состојки и мешајте додека добиете компактна смеса.

Префрлете ја смесата во ребрест плех и печете на 180 ° C околу 40 минути, додека колачот добие фина златно-жолта боја.

Кога ќе се излади, посипете го колачот со шеќер во прав или прелијте го со чоколадна глазура, по желба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.