Десерт: Палачинки со малини

Прсти да излижеш!

Палачинките приготвени на овој начин дефинитивно се топат в уста!

Состојки: 200 г брашно, 3 јајца, 200 мл млеко, 100 мл газирана вода, сол, шеќер, маслиново масло, 70 г нутела-крем, 70 г банани, 50 г џем од малини, 30 плазма-кекс, чоколаден прелив, шлаг

Приготвување:

1 Во пластичен сад, прво ги матиме јајцата, го додаваме млекото и мешаме.

2 Лажица по лажица, го додаваме брашното и мешаме.

3 Додаваме сол, шеќер и маслиново масло. На крајот ја додаваме газираната вода.

4 Од смесата печеме палачинка. Едната половина ја премачкуваме со нутела, а другата со џем од малина.

5 Одозгора редиме кругови банана, наросуваме со мелен плазма-кекс и ја превиткуваме палачинката на половина.

6 Украсуваме шлаг, чоколаден прелив и со парчиња овошје.

Добар апетит!

Текст: Добра храна

Фото: Александар Велов

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.