Во петок се сади божиќна пченица: Вака се прави тоа правилно, во согласност со православните обичаи!

Подгответе се

Обичајот почнува на денот на светата великомаченица Варвара

Раѓањето на Исус Христос е празник што се прославува со семејството во домот, како и со одење на црковна богослужба.

Покрај сите обичаи, собирањето на целото семејство околу богатата трпеза е главен настан. Задолжително се пали кандило и се крши погача.

Но на масата има уште еден голем симбол на најсреќниот христијански празник – божиќното жито.

Иако пред Божиќ може да се купи речиси секаде, доколку сте од оние што сакаат да ги почитуваат обичаите, засадете го сами.

За да порасне до Божиќ, треба да се насади навреме. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и насадите во текот на годината, според старото верување.

Пченица се сади на празникот света великомаченица Варвара, на 17 декември кај православните, а на 13 декември кај католиците, на денот на Света Луција.

За садење ќе ви треба грст пченица и чинија или сад во кој ќе ја посадите.

Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата која стоела во вода прекуноќ. Одозгора покријте ги зрната со уште малку земја, која секојдневно ќе ја полевате, односно прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна може да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното од садот, така што целосно ќе го прекријат.

Се остава простор од 1 см од рабовите, бидејќи пченицата со никнувањето ќе се рашири. Полевајте ја умерено. Најдобро е само да ја прскате со вода еднаш до два пати дневно.

Може во средината на садот да се остави простор каде што ќе се сваи свеќа. Одберете плитка чинија по желба, во средината ставете помала чашка (за ракија). Посипете ги зрната пченица околу чашата до рабовите на чинијата.

Пченицата што сте ја посадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина потопена со вода. Се става одозгора за зрната рамномерно да набабруваат и да добијат доволна количина на влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци, ткаенината треба да се тргне за пченицата непречено да ’рти.

Пред да се стави на маса, житото се потстрижува со ножици за да биде рамно, бидејќи ретко кога самото расте рамномерно.

На Бадник ставете свеќа во средината, а житото по средината врзете го со црвена панделка или лента.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.