Џил Бајден дала сè од себе да изгледа достоинствено: Не можела да го задржи фустанот!

Ветерот не бил на нејзина страна

Првата дама на Америка, Џил Бајден, изгледа феноменално за своите години, меѓутоа кога временските услови ќе се здружат против жената, тешко е да се изгледа дамски

Џил Бајден нема лесна задача: да биде модерна прва дама на Америка по Меланија Трамп. Но рака на срце, добро се држи!

Секојдневно воодушевува со својот изглед, начин на облекување, комбинирање бои и слично.

Така било и овој пат, кога облекла, долг, лелеав кафеав фустан со долги ракави. Горниот дел од фустанот е тесен, додека фустанот се шири на дното. Токму тоа било голем проблем кога првата дама му се приближила на хеликоптерот. Ветерот се раздувал, а нејзиниот фустан се припил до телото, откривајќи сè! Меѓутоа, за среќа оваа жена нема недостатоци и има неверојатно тело за своите години.

Сепак, кога дува ветер, тешко е жена да остане дама. Така, Џил очајно се обидувала да го задржи фустанот, да ја заштити фризурата, но ветерот бил немилосрден.

Сепак, Џил Бајден добро поминала. Сетете се само на Кејт Мидлтон и на моментот кога ветерот ѝ го подигна фустанот и го откри голиот задник на војвотката од Кембриџ!

Она што Џил Бајден го постигнала за само две недели, Меланија не успеала да го постигне ни за 4 години: Бившата прва дама врие од љубомора!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.