Најгледана снимка вчера: Фустанот на Ким Кардашијан е толку тесен што не може да мрдне во него, а видеото на кое се качува по скали е циркус (ВИДЕО)

Во дизајнерските води заплови и Ким Кардашијан – на Модната недела во Милано во соработка со Долче & Габана ја претстави колекцијата „Чао, Ким“. Соработката на италијанското дуо со ријалити-ѕвездата предизвика големо внимание, како и новиот имиџ на познатата старлета.

Имено, Ким со години не била поелегантна, а се чини дека го усвоила стилот на старите италијански диви, иако донекаде во модернизирана верзија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Откако пред публиката на самата ревија се претстави во едноставен, црн фустан со светки, кој ги истакна сите облини на нејзиното тело, оваа 40-годишна бизнис-жена избра слична тоалета за афтер-журката на брендот D&G.

Најпознатата Кардашијанка блесна во суперзаводлив сребрен фустан, кој ја следи линијата на телото и е украсен со врвки на страните, но и во пределот на деколтето, а со овој избор Ким потврди дека е следбеничка на позната изрека „трпи, бабо, за убавина“.

Фустанот ѝ беше толку тесен што Ким не само што едвај дишеше во него, туку буквално не можеше да оди нормално. За да се движи во оваа креација, познатата старлета мораше да прави многу мали, внимателно одмерени чекори, а во еден момент наиде на навидум непремостлива пречка – скали!

Самата Ким сподели доста смешно видео на Инстаграм кое покажува колку далеку е подготвена да оди во градењето на имиџот на модна икона.

Имено, на видеото се гледа како таа е принудена буквално да скока од едно на друго скалило, бидејќи нема шанси да се искачи на вообичаениот начин поради претесниот фустан.

@steph_shepI’ll let you caption this ⬇️♬ Funny Song – Cavendish Music

Видео: Тик-ток

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.