ОВА се трите теории на Фројд за љубовта

Еве што откриваат

Зигмунд Фројд целиот негов работен век се занимаваше со хипотезата за човековата природа, како и со трите елементи на човековата психологија, ИД, Его и Суперего, неговите хипотези за улогата на љубовта и интимноста во човечкиот живот се исто така незаменливи.

Фројд знаел дека љубовта, интимните врски, фантазиите, па дури и амбивалентноста се дел од свесниот, но и несвесниот дел од нашето битие.

Преку психоаналитичкиот метод, Фројд дошол до заклучок дека различните облици на љубов што ги набљудувал се поврзани едни со други и дека споделуваат заеднички корен во искуствата од детството. Притоа, особено му беа корисни забелешките за љубовта што ги доби преку анализата на трансферот, односно пренесувањето на чувствата од значајни личности од детството на терапевтот.

Иако набљудувањата на Фројд за природата и генезата на љубовта биле револуционерни, тој не создал сеопфатна теорија за љубовта. Всушност, можеме да кажеме дека Фројд создал три различни теории за љубовта.

1. Прва теорија

Првата теорија за љубовта на Фројд е содржана во „Три есеи за теоријата на сексуалноста“. Тоа е познатата теорија за љубовта како повторно откривање, што е можеби најголемиот придонес на Фројд во разбирањето на љубовта. Според ова гледиште, љубовта е чин на повторно откривање бидејќи саканата личност несвесно го претставува едиповскиот родител.

– Љубовта е инхерентно конфликтна затоа што мора да предизвика застапеност на родителите за да генерира страст, но оваа врска мора да остане несвесна за сексуалноста да не биде инхибирана од табуто на инцестот. Среќната љубов предизвикува претстава на родители без да го активира табуто на инцестот – вели Фројд во својата теорија.

Според Фројд, луѓето несвесно бараат и наоѓаат партнери кои по некои карактеристики имаат сличности со нивниот родител од спротивниот пол.

2. Втора теорија

Втората теорија за љубовта на Фројд е содржана во написот „За нарцизмот“. На претходната идеја дека љубовта е повторно откривање на едиповскиот родител, Фројд додаде дека саканата личност може да претставува и идеализиран аспект на себе си.

Изворот на заљубувањето често е нашата визија за идеалното јас во другиот. Тој го има она што ние би сакале да бидеме.

3. Трета теорија

Бергман ја најде третата теорија на Фројд за љубовта вградена во текстот „Инстинктите и нивните промени“. Во таа статија, Фројд ја дефинирал љубовта како „став на егото“, кој се одредува според улогата на саканата во задоволувањето на сите потреби на една личност, а не само интимните.

Тоа е многу покомплексен поглед на љубовта од претходните теоретски ставови. Повеќе се работи за трајна љубов отколку за заљубување. Третата теорија на Фројд сугерира дека зрело его е предуслов за љубов.

Во оваа теорија за љубовта, Фројд почнува да ја гледа љубовта како емоција, а не како сублимација на инстинктот. Така, предметот на љубовта станува единствен и не е лесно заменлив како предмет на нагон.

Како последица доаѓа заклучокот на Фројд дека љубовта е повеќе од инстинкт, дека тоталното его е вклучено во љубовта на нејзините објекти. Иако во љубовта може да има повторување на врската со родителите, или гледање на идеалното јас во саканата личност, тоа не е се. Може да има и вистинска врска со саканата личност, која не е само пренесување чувства од родителите или проекција на идеалното јас.

Коментарите се заклучени.