Урнебесно: Утрински ритуали на хороскопските знаци кои слатко ќе ве насмеат

Дали се согласувате?

Секој хороскопски знак има свој утрински ритуал…

6.00: Девицата станува и, пред да се тушира, го пребришува купатилото. Откако ќе ги измие забите, ја става четката во стерилна чашка и ја сместува на посебно место, понастрана од другите четки.

6.15: Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Поминало времето за евтина струја.

6.20: Водолијата оди на утрински џогинг.

6.30: Терезијата и лавот се пред огледало и нансеувааткрем со СПФ на лицето.

6.40: Бикот појадува крем со лажица за супа.

6.45: Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот.

7.00: Ракот прави сендвичи, девицата цеди свежи овошни сокови. Близнакот е уште во кревет и на мобилниот проверува мејл, Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

7.05: Скорпијата ја разбива вратат од купатилото. Терезијата излегува смртно навредена со несесерот в рака.

7.10: Овенот станува и вклучува стоперка.

7.11.45: Овенот е истуширан, дотеран, облечен и трча надолу по скалите. Ја исклучува стоперката.

7.15: Бикот гребе со лажицата во теглата. Нема веќе крем.

7.20: Терезијата и лавот повторно имаат битка пред огледалото, прават последна проверка на изгледот и си се воодушевуваат сами на себе за последен пат пред излегување.

7.30: Водолијата се тушира со ладна вода. Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

7.40: Сите излегуваат.

7.45: Близнакот се враќа, заборавил еден од трите мобилни.

7.50: Близнакот повторно се враќа, го заборавил паричникот.

8.00: Рибата се буди и сфаќа дека ја заклучиле во станот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.