Чоколадно празнично „чудо“ што се топи в уста!

Пробајте го!

Ви предлагаме да го пробате овој десерт за да уживате во богатиот вкус на чоколадо!

Состојки за пандишпанот:
  • 4 јајца
  • 100 г шеќер
  • 200 г маргарин
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 4 супени лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
Состојки за кремот:
  • 0,5 л слатка павлака
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 1 супена лажица шеќер
Приготвување:

Пандишпан: Издвојте ги жолчките од јајцата и измешајте ги заедно со шеќерот во поголем сад. На оган стопете ги чоколадото и маргаринот и потоа сипете ги во садот со жолчките. Пополека и мешајќи, додадете ги и брашното и прашокот за печиво. Белките од јајцата изматете ги рачно и додадете ги како последна состојка. Смесата исипете ја во тава и печете 20 минути на температура од 180 Целзиусови степени. Повремено проверувајте, за да не ви изгори.

Фил: Слатката павлака, чоколадото и шеќерот загревајте ги на тивок оган и повремено мешајте. Кога состојките ќе се соединат тргнете го садот од оган. Печениот пандишпан избоцкајте го со виљушка на неколку места и додека е сè уште топол, посипете го со филот. Филот, иако ќе биде поредок, не треба дополнително да се меша или нешто да му се додава.

Најпрво оставете го колачот да се да се олади на собна температура, а отпосле ставете го во фрижидер за да се стегне филот.

Откако десертот убаво ќе се стегне, исечете го на коцки и уживајте во неговиот вкус.

Чудо од чоколадо

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.