Што ни носи владеењето на моќниот Бик, кое почнува од денес: Овие знаци ќе мораат повеќе да се трудат, а еве кому сè ќе му оди лесно!

Хороскоп

Бикот е вториот знак во зодијакот кој симболизира раст и развој, а со оглед на тоа што од денес веќе влегуваме во владеењето на овој знак, ви откриваме што сè ве чека

Владеењето на Бикот оваа година почнува на 19 април навечер и ќе трае до 20 мај.

Меркур влегува во Бик истиот ден како и Сонцето, што значи дека разиграната и агресивната енергија на Овенот нагло ќе биде заменето со стабилната енергија на Бикот.

Нареднава недела ќе биде најповолен период за Девиците, Јарците, Раковите и Рибите.

Ќе биде поволен и за Бикот, но тој е на удар од Сатурн и Јупитер во Водолија. Сепак, и на Биковите ќе им биде полесно наредниов период за разлика од претходно.

Додека припадниците на наведениве знаци ќе станат пргави, подобро расположени и изложени на поповолни околности, Лавовите, Скорпиите и Водолиите ќе мораат повеќе да се трудат за да ги остварат целите. А луѓето со кои се во комуникација ќе им бидат помалку наклонети.

И покрај тоа, можат да остварат значајни успеси, само што на тој пат можно е да наидат на понекој животен удар.

Сите хороскопски знаци би требало да се приспособат на биковската енергија и да им се посветат на целите кои се под заштита на тој знак.

Клуч за успех – сериозност и педантност

Се препорачува сериозност и педантност во секоја активност. Правете планови на долги патеки, добро размислете и проценете што би можело да ви се исплати, а што не. Исто така, бидете внимателни во извршувањето на задачите.

Посветете се на здравјето, сигурноста, имотот и семејството. Пресметајте со колку пари располагате, како и долговите и трошоците, па направете план на приходи и расходи.

Одржувајте контакт со природата, работете во градина или на поле, исполнете го домот со цвеќиња.

Ако се обидувате да ги заведете и шармирате партнерот или партнерката, имајте на ум дека оние што сакаат сериозна врска ќе имаат најголем успех во љубовта.

Овие хороскопски знаци честопати се вклучени во љубовните триаголници
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.