Овие три хороскопски знаци ги очекува романтичен бродолом во наредните недели!

„Ќе опстанат само најсилните!“

Крајот на октомври и почетокот на ноември, судејќи според планетите и најавите на астролозите, би можел да се опише вака – ќе опстанат само најсилните, за другите ќе се тресе тлото!

Дали на полето на работата и финансиите, дали во љубовта и во врските, нè очекува бурен период. Следните три недели, почнувајќи од 27 октомври, во најмала рака се хаотични за родените во знаците Овен, Стрелец и Јарец.

ОВЕН

Само најсилните опстануваат овој период, па така ќе биде случај и кај Овенот – ќе „преживеат“ само оние парови кои веруваат во својата љубов. Оние кои се на стаклени нозе ќе пукнат под оваа силна и деструктивна енергија на Скорпијата.

Паровите кои успеваат да се спротивстават на притисокот на експлозивниот Марс ги имаат сите шанси да останат со своите партнери до крајот на животот, бидејќи ова е едно од најсилните искушенија што ќе ги имаат.

СТРЕЛЕЦ

До средината на месецот емотивната ситуација ќе ви биде напната. Од 20 ноември работите се менуваат и тогаш слободните ќе запознаат личност со која можат да создадат долготрајна врска.

Оние кои се во врска по 20 ноември ќе уживаат во љубовта. За Стрелците, првите денови од ноември носат и можност за „зделка на векот“ или можете да очекувате прилив на поголема сума на пари.

ЈАРЕЦ

Ви се враќаат духовите од минатото! Ќе има се – драма, солзи, ветувања, но и лаги. Тоа многу ќе ве исцрпи, особено во однос на здравјето. По 20-ти влегувате во мирни води, кога се ќе си дојде на свое место и тогаш станувате посилни од било кога.

До тој период препорачливо е да останете смирени кога се во прашање деловните понуди, бидејќи секоја дотогаш донесена одлука може да биде погрешна и на ваша штета.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.