Какви се хороскопските знаци како родители?

Хороскопските знаци и нивниот однос кон децата

Начинот на воспитување и нивните очекувања од нив.

Овен 

Спортски игри, филмски маратони, јадење на кул места, им ја покажуваат авантуристичката страна на детството, а понекогаш децата забораваат дека постојат правила. Тие се одлични родители.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Терезија

 

 

Бик 

Тие ги облекуваат во фенси парчиња, им прават домашно убаво какао, прават лего коцки со нив или заеднички прават работи во дворот или околу мебелот. Тие прават сериозни разговори со нив, ги набљудуваат сериозно додека растат и секогаш го сакаат најдоброто за нив, дури и претеруваат во тоа. Тие се меки родители кои многу ретко викаат.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Риби.

Близнаци

Им читаат приказни пред спиење, го претвораат домот во мала џунгла дозволувајќи им да направат хаос, им дозволуваат да ги користат и сериозните работи од домот и скапата технологија како нивни играчки. Тие се родители кои обожуваат да си играат со своите деца, без граници.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Лав.

Рак 

Обожуваат долго да зборуваат со своите деца, да играат со нив во парк или на плажа, да ги носат на своето работно месо и да им пеат песни и читаат приказни пред спиење. Тие се родител кој сака да биде присутен во секој аспект од живеењето на своето дете, но и многу чувствителен родител.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Јарец.

Лав 

Тие обожуваат утрински истегнувања, да ги учат децата да приготвуваат чај или различни јадења, да ги научат да возат за прв пат. Тие се страствени родители.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Близнаци.

Девица

Сакаат да берат цвеќиња со своите деца, да одат на планини, да живеат во мал град и постојано да конзумираат здрава храна. Тие креираат голема магија за празниците и се многу нежни родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Скорпија.

Вага 

Тие заедно со своите деца ги бојадисуваат ѕидовите, прават различни уметности и ги учат како да се облекуваат добро. Тие се родители кои одлично ги изразуваат своите чувства и кои овозможуваат многу љубов за своите деца додека тие растат.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Овен.

Скорпија

Тие им овозможуваат право на своите деца самите да носат одлуки,  ги носат на мали концерти, па потоа и на големи, слушајќи многу музика со нив. Им даваат тајни поддржувачки насмевки кога тие се соочуваат со трема или некаков страв. Тие се адаптибилни родители.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Девица.

Стрелец – им овозможуваат на своите деца стабилност додека растат, им дозволуваат да ја бојадисаат собата во бојата која тие ја сакаат, ги носат на мотоциклистички трки и мали одмори насекаде. Тие се забавни родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Водолија.

Јарец

Тие ги учат своите деца како да прават листи, како да се справат со високите надежи и очекувања и им нудат многу охрабрувања. Ги учат како да користат технологија и заеднички со нив прават појадок за време на викендот. Тие се охрабрувачки родители.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Рак.

Водолија

Тие прават змејови со своите деца и ги носат на планина и на различни неочекувани, но креативни и инспиративни места. Ги носат на места каде можат да научат различни работи и притоа им држат лекции. Тие се тешки и строги, но одлични родители.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Стрелец.

Риби

Пишуваат приказни со нив, им помагаат да ја напишат домашната, ги учат да возат и заеднички готват и свират инструменти. Им покажуваат дека веруваат во нив и се многу силни родители.

Најмногу си одговараат со родител од знакот Бик.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.