Хороскопот открива на кој начин го одбивате партнерот

Лавот гуши со желби, бикот не простува

Овeнот сака да биде заљубен, но кога работите ќе станат вообичаени и рутински, знае да биде нервозен.

Овен

Овните се плашат ако почнат да искусуваат монотонија. Во суштина, сакаат нови работи и ситуации, па кога работите ќе станат еднолични, нормални и вообичаени, стануваат нервозни и немирни. Кога ќе спласне возбудата во љубовта, почнуваат проблемите за Овните.

Бик

Во повеќето случаи, Биковите се страствени партнери кои не прават грешки. Идеални партнери се – нежни, посветени, несебични и топли. Па, затоа во првиот момент кога партнерот ќе направи и најситна грешка – не простуваат.

Близнаци

Не се многу сигурни што сакаат – од љубовта, но и од животот, па затоа и тешко се разбираат со партнерот. Често знаат да ја префрлат одговорноста и очекуваат другиот да одлучува за нив. Партнерот не им служи за поддршка, туку да имаат на кого да ја префрлат одговорноста.

Рак

Упорно се обидуваат да му наметнат на партнерот како треба да се чувствува, што да мисли и што да прави. Пречесто забораваат дека ако се во врска, не значи да се изгуби идентитетот.

Лав

Се обидуваат да ги контролираат и работите кои е невозможно да се контролираат и тоа го плаши другиот партнер. Лавовите секогаш се трудат, не се откажуваат лесно, но дури претеруваат – до степен што не му оставаат простор на партнерот.

Девица

Прво се преплашуваат себеси со разни сценарија, па потоа водени од овие стравови и сомнежи, се оддалечуваат од партнерот. Во секој момент можат да набројат милион причини зошто врската нема да успее.

Терезија

Терезиите се претерано популарни, имаат многу пријатели и обожаватели, па партнерот неретко се чувствува несигурно и загрозено. Повеќе внимание им даваат на новите познаници, отколку на љубовниот партнер и тоа ги плаши луѓето, бидејќи не сакаат постојано да се борат за место во вашиот живот.

Скорпија

Способни се да ја саботираат сопствената среќа и со тоа ги плашат партнерите. Им треба многу време за да веруваат. Наместо да си дозволат да уживаат, секогаш завршуваат со голема доза на љубомора и посесивност.

Стрелец

Во врските се комплетно пасивни и со тоа ги бркаат партнерите од себе. Оптимизмот и безгрижноста им се најдобри особини, но кога се работи за емотивен однос – забораваат да покажат емоции.

Јарец

Многу често се прашуваат дали ќе се случи нешто лошо и постојано си склопуваат црни сценарија. Сакаат да се подготвени на секоја можна ситуација, но така ја уништуваат психичката состојба на партнерот, односно ги убиваат радоста и опуштеноста.

Водолија

Водолиите се великодушни и несебични, но кога се работи за партнерот – работите се менуваат. Настојуваат да избегнат било каква патетика и сентименталност. Се плашат да се препуштат на емоциите. Со тоа се оддалечуваат секојдневно по малку.

Риби

Претпоставуваат дека работите сами од себе ќе се средат, наместо да разговараат за проблемите. Партнерот неретко има чувство дека на Рибите не им е многу грижа и дека се во свој свет, до кој нема пристап.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More