Како изгледаат хороскопските знаци: Близнаците се младолики, Скорпијата има привлечен поглед!

Ѕвездите влијаат врз изгледот

Ви откриваме како изгледаат луѓето родени во секој хороскопски знак

Хороскопскиот знак е дел од нашиот идентитет. Со индивидуалните карактерни црти и начинот на однесување, може да се идентификуваат хороскопските знаци.

Овен

Луѓето родени во знакот Овен најчесто имаат вита градба. Имаат издолжена горма на главата и многу изразени веѓи. Освен тоа, имаат изразени контури на лицето, кои потсетуваат на дијамант.

Познат пример: Кејт Хадсон

Бик

Луѓето родени во знакот Бик имаат широко чело, мали очи и силна вилица. Генерално се опуштени и самоуверени.

Познат пример: Џиџи Хадид

Близнаци

Близнаците најчесто се слаби и високи. Имаат овално лице, изразена брада, долги раце, нозе и врат. Многу се младолики, дури и во зрелите години.

Познат пример: Хајди Клум

Рак

Раковите имаат тркалезно лице, полни образи и усни, додека челото им е ниско и благо заоблено. Честопати се бледолики, а изразот на лицето им е некако наивен и замислен.

Познат пример: Селена Гомез

Лав

Лавовите имаат силна телесна градба и квадратен облик на лицето со мал нос и усни. Косата им е густа.

Познат пример: Џенифер Лопез

Девица

Жените Девици имаат нежно тело и честопати се со низок раст. Имаат длабок поглед, кој дава впечаток на строга личност. Ги краси високо чело и благо испакната уста.

Познат пример: Клаудија Шифер

Терезија

Имаат овална форма на лицето, светла кожа и мала уста. Имаат атлетска градба, додека изразот на лицето им е нежен и љубезен.

Познат пример: Гвинет Палтроу

Скорпија

Лицата родени во знакот Скорпија имаат истакнат нос, кој честопати е шилест, бистри продорни очи и сплескана брада. Изразот на лицето им делува сериозно и строго, додека погледот привлекува како магнет.

Познат пример: Кејти Пери

Стрелец

Луѓето родени во знакот Стрелец имаат профил со истакнати нос и брада. Телото им е мало и масивно. Изразот на лицето им е љубопитен, заинтересиран и внимателен.

Познат пример: Бритни Спирс

Јарец

Лицето на луѓето родени во знакот Јарец им е тркалезно и полно, додека челото им е високо. Имаат изразени веѓи, густа и сјајна коса. Телото им е ковчесто и слабо или многу спортски градено.

Познат пример: Кејт Мидлтон

Водолија

Жената Водолија има впечатливи очи, жив поглед и полни образи. Меѓутоа, има мали уши и тенки усни. Имаат слаба градба.

Познат пример: Шакира

Риби

Рибите имаат тркалезни очи и сонувачки поглед. Челото им е благо заоблено, устата не им е голема, додека брадата им е тркалезна. Телото честопати им е убаво заоблено.

Познат пример: Ријана

Повеќето милионери се родени во овие 5 хороскопски знаци: Дали и вашиот знак е меѓу нив?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.