ВИДЕО: По 18 часа поминати во море пречекан со АПЛАУЗ: Вториот исчезнат Македонец пронајден и спасен!

Потрагата по третиот продолжува...

И вториот од тројцата македонски државјани кои исчезнаа вчера во морето кај Посиди, Халкидики, е пронајден жив, објавија грчките медиуми.  30-годишникот е пронајден околу 11.30 часот по македонско време, по 18 часа во морето, откако бил забележан од хеликоптер на грчката армија кој што учествуваше во масовната потрага.

Веднаш бил известен брод и посадата на бродот го спасила 30-годишникот и го однела во пристаништето Неа Скиони, а оттаму е префрлен во болница каде го пречекале неговиот татко и брат. Грчките власти велат дека е во релативно добра состојба и тоа се смета за чудо по толку часови поминати во водата.

Тројца македонски државјани на возраст од 25, 28 и 30 години, вчера исчезнаа во морето откако беа повлечени од силните струи. 25-годишникот брзо беше најден од грчките служби и е во добра состојба. Тројцата дошле на Халкидики да прослават роденденот на еден од нив.

Потрагата по 28-годишникот продолжува.

Фото: thestival.gr

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.