Тања Савиќ за роденден ја изненади 11 години помладиот дечко: И подготвил специјален подарок! (ФОТО)

Многу романтично...

Пејачката Тања Савиќ вчера на 20 март го славеше својот 39-ти роденден, а специјално изненадување и приреди 11 години помладиот дечко Мухамед.

Имено, по прекрасниот подарок кој ја дочекал рано утрото од нејзините синови, Тања вечерта била изненадена и од своето момче.

Тој приредил спектакуларен огномет за својата сакана Тања пред зградата во која живее во Смедерево.

Сето тоа го организирал со помош на нејзиниот брат и сестра.

„Среќен роденден Тања“ – извикал тој.

Таа неодамна ја коментираше љубовта со 11 години помладиот пилот, кој и го „украл срцето“ по бројни проблеми.

„Тој го заслужува најдоброто. Најдов човек кој е како мене. Така би ги советувала сите да си ја најдат сродната душа, среќна сум што сме слични без разлика на разликата во годините. Видов дека годините се само бројка, многу е поважно дали некој те почитува и ако некој е тука за тебе, тоа е најважно“– изјавила Тања.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.