Ви откриваме рецепт за превкусни колачиња, кои ќе ви ја украсат и велигденската трпеза.
СОСТОЈКИ: 330 г бело брашно, 165 г мед, 2 јајца, 100 г путер, 180 г шеќер, 1 прашок за печиво, 1 лажичка ѓумбир, ½ лажичка цимет
За декорација: разни прехранбени бои, 1 белка, 200 г шеќер во прав, 1 лажица лимон
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Медот, шеќерот и путерот се ставаат во тенџере, па се растопуваат на оган.
Посебно се мешаат брашното, прашокот за печиво, ѓумбирот и циметот.
Во растопената смеса, се додаваат јајцата, потоа и мешавината со брашно и се замесува мазно тесто.
Од тестото се сука кора, па со модли се прават фигури. Се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат во загреана рерна, на 180 степени.
За декорација: белката се мати со шеќерот во прав, се додава лимонот. Смесата се дели во помали садови и се додаваат боите. Се декорира со шприц со бои по желба.
Текст: Добра храна
Коментарите се заклучени.