PROMISE: Ексклузивната колекција бурми и свршенички прстени промовирана во Скопје

Побарајте ја во „Адор голд“

На годинешниот Саем на венчавки, кој се одржа во хотелот „Александар палас“, „Адор голд“ ја претстави новата колекција бурми и свршенични прстени – Promise.

Станува збор за луксузен накит изработен од 14-карантно злато украсено со кристали и дијаманти. Бурмите се анатомски и ултраудобни, изработени од оригинални легури на жолто и розово злато.

Станува збор за висок квалитет на изработка за премиум-чувство и изглед, во кој имаа можност да се уверат посетителите на Саемот за венчавки, но и познатите дами кои ги носат парчињата на „Адор голд“ – Лила Филиповска, Јована Стојменовиќ и Ведрана Ѓорѓевиќ.

Бурмите се многу повеќе од прстени. Тие се вечен симбол на она што ве споило – љубовта. Бурмите засекогаш, предавајќи се од колено на колено, ќе ја пренесуваат приказната за вашата врска… Токму затоа е важно да го изберете вистинскиот пар, а во Ador Gold ќе пронајдете огромен избор на свршенички и венчални прстени, модели кои нè маѓепсаа и нас!

Текст и фото: ПР, Антонио Пиштолов

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.