Герсонова диета, мени и правила: Може да го прероди организмот за 40 дена!
Дознајте повеќе!
Оние што ја испробале сметаат дека е една од најдобрите диети за преродба на телото, иако важи за радикална
Герсоновата диета е позната како алтернативен метод за прочистување на телото и закрепнување по тешки болести. Се заснова на теоријата дека човечкото тело е затруено со внесувањето преработена храна и дека неопходно му е прочистување.
Како изгледа Герсоновата диета?
Пред сѐ, во Герсоновата диета има малку масти. Треба комплетно да исфрлите сол и животински производи. Многу важен елемент е лененото масло, ладно пресувано. Герсоновата диета е богата со органски зеленчук и свежо цедени сокови. Би требало да пиете околу 3 литри сокови дневно, отприлика по една чаша на секој еден час.
Друг важен оброк е Хипократовата супа. Еве како да ја приготвите.
Состојки:
- 1 среден корен од целер
- 1 среден корен магдонос
- лук
- 2 мали страка праз
- 70 дкг домати
- 2 средни кромида
- 1/2 кг компири
- малку магдонос
Приготвување:
Темелно исчистете ги сите состојки и исечкајте ги на парчиња, прелејте ги со дестилирана вода и варете ги на тивок оган околу 2 часа, а потоа поминете ги со гмечалка за пире или измешајте ги. Овој оброк за едно лице ќе трае околу 2 дена.
Герсоновата диета на институтот Герсон
Моментално, институтот Герсон има две клиники, една во Мексико и една во Унгарија. Тука рестриктивно се почитуваат сите правила на Герсоновата диета, и тоа не само оние што се болни од рак. Може да ја испроба секој што сака да си го подобри здравјето.
Терапијата трае 6 недели, а ова се главните правила:
- Треба да пиете свежо цеден сок од зеленчук и овошје 13 пати дневно.
- Дневното мени треба да содржи 3 вегетаријански оброци.
- Помеѓу оброците се препорачува да јадете свежо овошје, како јаболка, круши, банани, портокали и грозје.
- Контактот со хемикалии во козметиката треба да биде ограничен.
Што можете да јадете за време на Герсоновата диета?
- Зеленчук: аспарагус, артичоки, кромид, рукола, магдонос и корен од магдонос, црвена зелка, зелена пиперка, морков, компир, карфиол, рдоква, домат, зелен грав, кељ.
- Билки: коријандер, рузмарин, жалфија, шафран, везена пиперка, мајчина душица, анасон, мајоран.
- Овошје: манго, јаболка, дињи, кајсија, праски, круши, сливи, грозје, суво овошје но ако не содржи сулфурни соединенија.
- Кашички
- Кафеав шеќер
- Мед
- Рен
- Лук
- Ленено масло
- Кафеав ориз
Што не смеете да јадете?
- Кафе и чај
- Бел шеќер и брашно
- Животински масти
- Алкохол
- Морски плодови
- Авокадо, боровинки, ананас
- Краставици, свеж спанаќ
- Печурки
- Сенф
- Кокос и јаткасти плодови
- Чоколадо и какао
- Путер
- Сирење
- Сладолед, колачи, торти
Коментарите се заклучени.