Однесувањето и емоциите се тесно поврзани, па ако ви се чини дека партнерот се однесува како да не ве сака и почитува – веројатно сте во право.
Не можете да го извадите најдоброто од себе во врската
Ако чувствувате дека времето само си лета, а вие постојано нешто правите погрешно, не сте доволно добри и сте критикувани, големи се шансите партнерот кој ви ги нанесува критиките – никогаш да не биде задоволен.
Повеќе не сте горди на партнерот
Кога ќе престанете да имате пофалби колку добар човек е вашиот партнер, веројатно и емоциите се згаснати.
Не чувствувате дека споделувате посебни моменти
Ако одеднаш сфатите дека посебните моменти сакате да ги поминувате сами или во туѓо друштво, време е да го запалите црвениот аларм.
Не ја ни планирате иднината повеќе
Изморени сте од обиди, сценарија и фантазирање, бидејќи сте свесни дека тоа никогаш нема да се случи ако останете во врската во која сте сега.
Не ве плаши помислата од раскинување
Сосема е нормално ако разделбата од партнерот ве плаши, барем малку, но во моментот кога тоа го прифаќате со мирно срце, можеби е време да го потегнете првиот чекор.
Често фантазирате за други луѓе
Ако во фантазиите за иднината се појавуваат други, непознати луѓе, време е за драстични промени.