До неодамна изгледаше вака: Актерката ослабе 35 кг со 4 едноставни правила! (ФОТО)
„Досега, ништо се нема вратено, што е одлично, никогаш не сум успеала да го направам тоа во мојот живот“, откри Ребел.
Актерката Ребел Вилсон целосно го промени својот изглед во текот на минатата година.
По безброј обиди и диети, конечно успеа да ослаби, дури 35 килограми, со тоа што целосно го промени својот пристап кон слабеење.
View this post on Instagram
„Ништо не се врати досега, што е одлично, никогаш не сум успеала со тоа во мојот живот“, рече Ребел.
Откри четири клучни фактори кои ѝ помогнаа конечно да ослабне.
„Доволно спиење, одење, правилна исхрана и пиење вода, тоа е клучот“, рече актерката.
View this post on Instagram
Таа направи нешто друго – престана да се наградува со храна, но за секој успех си купува чанта или нешто слично, наместо сладолед.
Денес, таа изгледа и се чувствува одлично, и жали само за една работа – што не се обидела порано.
„Сега кога знам дека можам, понекогаш сум тажна што не сум го правела тоа порано. Можеби требаше да се обидам кога имав 30 години, а не сега кога имам 40 години“, искрено призна Ребел.
View this post on Instagram
„Сега научив како малите нешта што ги правам секој ден прават огромна разлика. Секој може да оди на прошетка и да пие повеќе вода, како и да прави мали нешта што го подобруваат животот и здравјето на долг рок. Не е премногу доцна за почеток, без разлика колку години имате“, вели актерката.