Психолозите недвосмислено тврдат дека во услови на социјална изолација, лошите навики кај луѓето – се интензивираат.
Имено, човекот има зголемена желба за шеќер, тутун и алкохол, а се зголемува и компулсивното прејадување. За да се запре ова, ќе помогне активна социјална интеракција.
Можноста да одиме на кафе и да разговараме со пријателите го одвлекува вниманието од непотребното внесување храна, цигари и пијалаци и поволно влијае на менталното здравје.
Дури и пред пандемијата на коронавирусот, научниците откриле дека социјалната изолација предизвикува акумулација на посебни супстанции и промени во мозокот. Доаѓа до нарушувања во регулацијата на невропептидите – тие всушност се одговорни за соодветни реакции во ситуација кога постои закана за животот.
Покрај тоа, хроничната изолација доведува до зголемена експресија на гените што ги зголемуваат агресијата и стравот.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Getty Images, Unsplash