Кејт Мидлтон во фустан што воодушевува: Женствен крој и безвременски дезен!
Жена со стил
Едноставните модни парчиња, со сосема дискретни детали, може да изгледаат совршено
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера го посетила музејот на Викторија и Алберт во Лондон, кој повторно се отвора за јавноста. И овој пат, Кејт била во центарот на вниманието. Нејзиното однесување постојано се набљудува, но и облеката, која овој пат била полн погодок.
Таа се определила за миди, црвено-црн фустан на закопчување со потпис на дизајнерката Александра Рич. Креацијата ја следи линијата на нејзиното тело, а комбинацијата ја заокружила со чевли на високи потпетици.
Многумина коментирале дека изгледа совршено и префинети, а медиумите ја оценуваат нејзината појава како беспрекорна елеганција. Моделот на фустан со околувратник, како и салонките со златен детаљ, биле оценети како враќање на трендовите од 1980-те години.